До пред само десетина дена, организаторите на автосалонот во Њујорк уверуваа дека настанот ќе се одржи според планираното, односно ќе започне на 8-ми април

Сепак, со оглед на тоа што ситуацијата со ширењето на коронавирусот се менува од ден на ден, вчера е решено автомобилскиот саем во најголемиот град во САД да се одложи за четири месеци, до кога се очекува да помине епидемија во тој дел од светот.

Организаторите велат дека решиле да го превземат овој чекор поради загриженост за здравјето на луѓето односно континуирано ширење на коронавирусот и се поголемиот број на пациенти. Ако се оди според новиот план, Саемот за автомобили во Њујорк треба да се одржи од 28 август до 6 септември, а како денови за претставниците на медиумите се резервирани 26 и 27 август.

За разлика од салонот за автомобили во Женева, кој беше откажан без да може повторно да се организира во тековната година, салонот во Њујорк барем ќе се одржи, иако во не толку привлечен термин бидејќи е кон крајот на летото и само неколку месеци по поголемиот во Детроит кој од јануари беше преместен за јуни.

Пред одлуката за одложување на автосалонот во Њујорк, претходно беше одложен и автосалонот во Пекинг.