ЈП Паркинзи на Општина Центар согласно новонастанатата ситуација со коронавирусот и донесените одлуки и препораки од Владата, од утре (12.03.2020) воведува превентивни мерки со цел намалување на ризикот од доаѓање во допир и заразување со коронавирусот

ЈП Паркинзи на Општина Центар ја известува јавноста дека привремено ќе ги затвори шалтерите за прием на странки и ги повикува сите корисници во наредните две недели да ги користат услугите на претпријатието исклучиво по електронски пат на веб-платформата www.poc.mk. Корисниците ќе можат онлајн да склучуваaт и продолжуваат договор за резиденти и нерезиденти, да извршат електронско плаќање за истите, да плаќаат дневна паркинг-карта (ДПК), месечен билет и други типови билети, да поднесуваат рекламации и приговори, да вршат проверка на состојба на М-карта со целосен увид на билансот на картата, како и пријавување на гостинска регистарска табличка, проверка на состојбата на гостинските часови и надополнување и плаќање на истите преку кредитна картичка, трансфер на пари и/или e-вирман. Исто така, за секоја потребна информација корисниците ќе можат да се обратат во Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар на телефонскиот број 02 3212 488 или во контакт-центарот на 072 251 251.

ЈП Паркинзи на Општина Центар апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките кои доаѓаат од Министерството за здравство и Владата и да се придржуваат до истите, а воедно и да го зголемат нивото на хигиена, да избегнуваат физички контакти, да го одржуваат имунитетот, да пијат повеќе течности и доколку забележат одредени симптоми да се јават на 071 289 614 во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Извор: Макфакс