Еден член од Formula 1 тимот на McLaren и двајца од тимот на Haas, се ставени во карантин под сомнение за инфекција со коронавирус

Сите тројца имале симптоми својствени на COVID-19 по што веднаш биле направени потребните тестови, а потоа биле изолирани во карантин во нивните хотели.

Големата награда на Австралија треба да се одржи овој викенд. Во понеделникот, извршниот директор на трката, Ендрју Вестак, беше убеден дека трката ќе се одржи и дека нема да има откажување или одложување.

Сепак, сериозен проблем би било ако и само еден од трите членови на McLaren и Haas се покаже дека е заразен со подмолниот вирус, пред се заради нивниот контакт со многу луѓе пред трката во Мелбурн.

Извор: standardnews.com