Oва е 6-ти модел на Peugeot кој ја освојува оваа престижна награда

По Peugeot 207 во 2007 година, 3008 во 2010 година, 208 во 2013 година, 2008 во 2014 година и 308 во 2015 година, оваа година награда е доделена на новата генерација на Peugeot 2008, модел кој досега на италијанскиот пазар стигнал до 20.000 клиенти.

За прв пат, покрај членовите на UIGA, Италијанскиот сојуз на автомобилски новинари, во гласањето учествувало и жири составено од инфлуенсери и јавноста, се со цел да се избере најдобриот помеѓу седумте финалисти. Наградата Аuto Europe е наменета за водечки автомобил во следната година од 15 кандидати, произведен во Европа во најмалку 10.000 примероци и пласиран на Стариот континент.

„Оваа награда претставува, по новото 208, понатамошна потврда за добрината на индустрискиот проект Peugeot, кој со овие платформи и со овие нови дизајнерски стилови, сакаше да афирмира нов концепт на автомобил, убав, квалитетен, но пред сè, со високо ниво на технолошка иновација, исто така поврзано со целосно електрична изведба. Доволно е да се каже дека во Италија денес веќе 20 илјади клиенти за само неколку месеци се одлучија за новата генерација на 2008. Со овој чекор, брендот Peugeot прави уште еден важен чекор во својата еволуција, во растот на имиџот и позицијата на италијанскиот пазар“, вели Салваторе Интернуло, директор на Peugeot Italia.