Новото лого и визуелен идентитет на Dacia имплементирани на целата гама
Пред околу една година романскиот бренд Dacia го најави почетокот на таканареченото ребрендирање, повторно воспоставување на идентитетот на брендот
Следуваше првото појавување на новото лого на компанијата на виртуелните платформи на Dacia, достапни на глобалната мрежа, а потоа и во печатените материјали. На почетокот на 2022 година видовме и редизајн на продажните места на Dacia, за дури сега новиот амблем до допре до целата гама на брендот.
Наместо грбот на кој се навикнавме со текот на годините, на сите модели им е дадена нова ознака составена од стилизирани букви D и C. Според креаторот на визуелниот симбол на романскиот бренд, овие две букви треба совршено да ја пренесат едноставноста и доверливоста на возилата на Dacia.
Заедно со иновативноста на логото, сите модели ја добиваат и новата решетка на ладилникот. Така, сега сите автомобили, односно модели на компанијата нудат идентична решетка на ладилникот со хоризонтално поставени ленти, на ист начин како и новиот грб на марката.
Новиот грб може да се види и на тркалата, но не и на капакот на багажникот како и средината на воланот, каде стои само стилизираниот натпиос Dacia.
Претходно само Jogger промовираше вакво решение на задниот дел од возилото, додека сега тој стил е проширен и на остатокот од гамата на Dacia. Згора на се, мора да се напомене дека е достапна нова боја на каросеријата, а се вика Lichen Khaki.
Продажбата на ребрендираните возила ќе стартува во октомври, односно веднаш по завршувањето на салонот во Париз.
Со ребрендирањето доаѓа уште една новина а тоа е електронско ограничување на брзината. Имено, Dacia е првата во групата на Renault која ја ограничува максималната брзина на возилата во опсегот, на повеќе од доволни 180 km/h. Оваа одлука е донесена уште минатата година.
Некој ќе рече дека навистина не е неопходно секоја Dacia да ги добие овие електронски узди, бидејќи и не може да ги достигне тие брзини. Сепак, најпрестижните верзии на Duster можат да достигнат 190 до 200 km/h, додека оние од семејството Logan / Sandero / Jogger успеваат да достигнат 183 km/h.