Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 2,67%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 30.03.2020 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 30.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 30.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 30.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 33,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,921 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 17,970 ден/кг.