За децата и тинејџерите тоа е игра, но и доказ колку автомобили можат да украдат во еден ден

Сопствениците на Kia и Hyundai ширум САД со месеци пријавуваат ист проблем: крадци им ги крадат автомобилите користејќи само USB-кабел.

Станува збор за нов луд предизвик на мрежата Tik-Tok, а последниот случај резултирал со смрт на четворица тинејџери кои излетале од патот со украдениот Kia Sportage.

Ова не е прв пат несреќа да се поврзува со „предизвикот Kia/Hyundai“. Пред два месеци, загинале двајца 14-годишници, а трет е хоспитализиран откако удрил со украдена Hyundai Sonata во Колумбус.

Несреќа поврзана со предизвикот се случила и во Бафало кога 14-годишно девојче од украден автомобил завршило во болница, а 16-годишниот возач е приведен.

„За овие деца и тинејџери тоа е игра, но и доказ колку автомобили можат да украдат во еден ден. Исто така, морам да напоменам дека тие користат украдени автомобили за извршување на ред други кривични дела“, изјавил тогаш началникот на тамошната полиција, Дуан Мабри. 

Извештаите за нов „Tik-Tok предизвик“ се појавија во јули, кога се појавија првите видеа на Tik-Tok на кои се прикажани крадци на автомобили кои ги таргетираат отклучените возила на Kia и Hyundai и користат USB-кабел за да го стартуваат моторот.

На крајот на август, полицијата во Лос Анџелес на Twitter објави дека кражбата на возилата Kia и Hyundai пораснала за 7 отсто за една година и дека најверојатно тоа е последица од предизвикот „Tik-Tok Kia/Hyundai“.

Според Washington Post, криминалците таргетираат возила опремени со стар, механички клуч, додека моделите со „паметни“ клучеви се поштедени.