Електричната Škoda Enyaq iV доби и попривлечна верзија Sportline, со префинет стил и побогата опрема

Škoda обезбедила дотеран преден дел за Enyaq Sportline iV, со сјајни црни елементи на предната решетка, кровни носачи, рамки на стаклата, како и значки Sportline, црни ознаки и 20-инчни Vega или опционални 21-инчни Betria алуминиумски тркала.

Автомобилот е малку понизок од другите верзии, и има нови спортски седишта со интегрирани потпирачи за глава, црна синтетичка кожа, сиви контрастни споеви, површини од јаглеродни влакна, кожен спортски волан со три крака со ознака Sportline, алуминиумски педали и специјални подни облоги.

Во гамата има три верзии, имено Enyaq Sportline iV 60 со 180 КС и 310 Nm (има погон на задните тркала, батерија од 62 kWh и автономија од 400+ километри). Потоа доаѓа Enyaq Sportline iV 80 со 204 КС и 310 Nm ( погон на задните тркала, батерија од 82 kWh и домет од 520 km), како и Enyaq Sportline iV 80x со 265 КС и 425 Nm (погон на сите тркала, батерија од 82 kWh и автономија од околу 500 km).

Конечно, сите верзии имаат електронски ограничена максимална брзина од 160 km/h.