Видео од големите судири на почетокот и на крајот од познатата трка во NASCAR серијата

NASCAR е или најздодевниот моторспорт во светот или најинтересниот: овие крајности често се случуваат на иста трка. Оваа година Daytona 500 беше се друго освен досадно. Два големи судири, на почетокот и на самиот крај на трката, исфрлија неколку автомобили од трката. Во четиринаесеттиот круг судирот помеѓу Арик Алмирола и Алекс Боуман предизвика поголема штета на најмалку 20 автомобили.

Последиците од судирот во последниот круг помеѓу Џои Логан и Бред Кеселовски изгледаа како сцени од Кобра 11. Се запалија десетина автомобили и завршија целосно уништени. За среќа, сите возачи се добро. Патем, Daytona 500 е трка на 500 милји (804 км) што се вози секоја година на Daytona International Speedway патека во Флорида. Се смета дека е најважната и најпрестижната трка во календарот на NASCAR. Првата Daytona 500 е одржана во 1959 година.