Новитети: Range Rover Evoque и Land Rover Discovery Sport со plug-in хибриден погон
Кон трендот наречен електрификација се повеќе се приклучува и Land Rover, кој сега за моделите Evoque и Discovery Sport покрај конвенционалниот бензински и дизел погон нуди и plug-in хибридна варијанта
Со ознаката P300e, купувачите на двата модели можат да сметаат на нов 3-цилиндерски турбобензински мотор (200 КС), кој помош добива од електричен мотор (110 КС) лоциран на задната оска. Вкупната комбинирана моќност е 310 КС, а максималниот вртежен момент е 540 Nm.
Во овој случај, за преносот на моќта на двете осовини е задолжен новоразвиениот 8-степен автоматски менувач, а за напојувањето на електромоторот се задожени батерии од 15 kWh.
Land Rover објави дека просечната потрошувачка на Evoque (според стандардот WLTP) е 1,41 литар на 100 километри, а просечна емисија на CO2 е само 32 g / km. Малку потешкиот Discovery Sport троши во просек 1,61 литри со емисија на CO² од само 36 g / km. Со целосно полна батерија Evoque само на електрична енергија може да помине до 66 километри, а Discovery до 61 километар. Само на електрична енергија, најголемата брзина и во двата случаи е 135 km/h.
Полнењето на батеријата преку стандарден домашен приклучок до 80 проценти од капацитетот трае 1,5 час.