![Новитети од Kia – Ceed GT со 204 КС и ProCeed со 594 литри во багажникот / ФОТО](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/09/2019-kia-ceed-gt-1.jpg)
Новитети од Kia – Ceed GT со 204 КС и ProCeed со 594 литри во багажникот / ФОТО
Јужнокорејскиот производител Kia премиерно ја претстави спортската верзија Ceed GT, како и неговата Shooting Brake варијанта ProCeed
CEED GT е дизајниран, развиен и изграден во Европа, а доаѓа со моќен 1.6-литарски Т-GDi турбо мотор кој развива 204 коњски сили и 265 Nm. За прв пат моделот опционално доаѓа со 7-степен автоматик со двојна спојка, а стандарднмо тука е 6-брзинскиот рачен менувач.
Суспензијата и електронската асистенција се специјално развиени токму за овој GT модел, за кој е развиен и посебен систем за управување.
Што се однесува до ProCeed верзијата, тој преставува „ублажена“ верзија на авангардниот концепт со истото име од 2017 година, а дизајнерите сочувале некои стилски детали како метален украс во форма на перка вметнат во „Ц“ столбот на возилото.
ProCeed ја дели погонската гама со Ceed хеџбек и караван верзииите, што значи дека купувачите ќе имаат широка понуда на погонски агрегати.
Во понуда се подобрениот 1-литарски бензински турбо мотор со 120 КС, како и новиот 1.4 T-GDI со 140 КС. Новина е 1.6-литарски дизел мотор во две варијанти со 115 и 136 КС, а сите мотори ќе бидат спарени со 6-брзински мануелен менувач.
Понудата го вклучува и споменатиот 1.6 T-GDI GT, а важен детал за ProCeed е багажниот простор од 594 литри.
И двата модели на Стариот континент ќе станат достапни во првиот квартал од 2019 година, а Kia нуди седум години гаранција или 150.000 километри.