Францускиот Citroen го покажа својот прв plug-in хибриден SUV C5 Aircross, кој својата премиера пред публика ќе ја има на саемот во Париз (4-14 октомври)

Citroen има амбициозни планови – 80% од флотата да бидат хибриди, plug-in хибриди и електрични модели до 2023 година, а до средината на следната деценија сите 100%.

Првиот модел кој добил хибридна верзија е C5 Aircross, кој во Париз ќе биде претставен како концепт, иако станува збор за повеќе или помалку стандардна верзија.

Citroen сеуште не открил технички детали, освен тоа дека стандардниот SUS мотор во „тандем“ со електричен мотор развива 222 КС, а моќта се пренесува преку 8-брзински автоматик.

Благодарение на батерискиот пакет кој се наоѓа во подот на возилото, C5 Aircross на струја ќе може да минува до 50 km со максимална брзина од 133 km/h. За полнење на батеријата, од Citroen тврдат дека се потребни најмногу два часа.