Новите правила за погонскиот агрегат во Formula 1 за 2018 година
Контрола на температурата на воздухот пред турбината и построги правила за маслата и течност
На почетокот на овој месец, FIA ги усвои новите правила со цел намалување на можноста за технички манипулации. Тие посебно се однесуваат на контролата на температурата на воздухот во моторот и употребата на масло и други течности.
Возачите, исто така, на располагање ќе имаат еден мотор помалку споредбено со претходната сезона.
за температурата…
Новиот член 5.6.8 од Техничката регулатива пропишува дека температурата на воздухот на влезот во цилиндрите мора да биде повисока најмалку 10 степени од надворешната температура на воздухот. Температурата ќе се мери како просек на вредности во еден круг со сензор сместен пред турбината.
Откриено е дека некои тимови користеле постуден воздух кој содржи повеќе кислород во истиот волумен за моторот да има подобри перформанси.
Со оваа мерка, водечките тимови не се задоволни, со оглед на тоа дека освен губењето на моќност поради помалку кислород, може да порасне температурата на турбината што доведува до намалување на моќноста и перформансите на моторот.
за течностите…
Од оваа сезона сите течности во погонската единица не смеат да се враќаат на моторот, туку можат да излезат само во атмосферата или мораат да се испуштаат низ отворот на задниот дел.
Оваа мерка се презема затоа што е откриено дека некои болиди во F1 користеле „отпадни течности“ со цел од моторот да извлечат дополнителна моќност со нивно согорување, велат од FIA.
за маслото…
Минатата година, FIA ја намали максималната дозволена количина на масло кој моторот ја троши на максимум 0,9 литри на 100 километри. Од оваа година дозволената граница на потрошувачка на масло е намалена на 0,6 литри на 100 километри.
Построга е и дефиницијата на масло со цел осигурување дека конструкторите ќе го користат само за подмачкување, чистење и ладење, а не за согорување со цел да се добие дополнителна моќност, што очигледно било случај досега.