Red Bull го презентираше болидот за новата F1 сезона

0

Red Bull го претстави болидот со кој се надева дека ќе се врати на врвот за прв пат по пет години. Болидот го носи името RB14

Болид е претставен со необична сино-црна камуфлажа, додека официјалната традиционална Red Bull шема ќе биде претставена само неколку дена пред почетокот на сезоната. Првото тестирање ќе го спроведе Даниел Рикардо на патеката Силверстоун.

Red Bull е првиот поголем тим кој го претстави овогодинешниот болид. За оваа недела најавено е претставување и на болидите на Renault и Sauber (денес), Mercedes и неговиот главен ривал Ferrari (четврток), додека McLaren последен ќе го претстави својот болид во петок.

Минатата сезона Red Bull имаше многу спор почеток, но со текот на времето, со развојот на болидот, се доближуваше до врвот. Дали оваа година, покрај Ferrari, и McLaren ќе стане закана за Mercedes, останува да се види. Првите тестирања се закажани за понеделник, 26 февруари, додека првата трка е закажана за 25 март во Мелбурн.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »