Новиот Peugeot 308 фатен без камуфлажа
Ова ќе биде првиот модел на француската компанија кој ќе го носи новото лого
Да се сокрие нов модел, кој сè уште не го видел светлото на денот, е комплексна задача. Затворен камион за транспорт е едно решение, но автомобилот некако мора и да влезе во него. А за да влезе барем на кратко треба да се тргне церадата од него за возачот да може да го внесе автомобилот во камионот. Токму тие неколку секунди во овој случај се искористени од фотографите.
Кој ги направил фотките не е познато, но како и да е, може да се види како изгледа новиот Peugeot 308 без камуфлажаа, барем во поголемиот дел од телото.
As promised, the new #Peugeot 308 will be the first to wear the brand's new logo as part of a dramatic design overhaul https://t.co/nBvfG6JzMO pic.twitter.com/pOhpxUuxJZ
— Autocar (@autocar) March 8, 2021
Она што е најмногу видливо е предниот дел на автомобилот, а тука внимание привлекува новото лого. Новиот Peugeot 308 е првиот модел на марката со новото лого. Интересно е што логото се наоѓа и на страниците на автомобилот.
Потемни алуминиумски фелни и браници со агресивна форма откриваат дека Peugeot има намера да ги освои срцата на малку помладите клиенти со својот малку поагресивен дизајн. Целиот автомобил изгледа како сегашниот 208, што треба да се свати како комплимент.
Третата генерација на Peugeot 308 ќе биде достапна во хечбек и караван верзија, односно во бензинска, дизел и хибридна верзија. Најмоќната верзија ќе го носи името PSE. Ознаката GTI е минато за кој било друг модел освен 208. Во малото Peugeot, ова веројатно ќе биде името на најмоќната варијанта.
Официјалната премиера треба да се случи наскоро.