Новиот Mercedes-AMG S63 E Performance е најмоќната S-класа, но затоа чини двојно повеќе од основниот 350d
Mercedes-AMG објави дека првите испораки на водечкиот S63 модел ќе стигнат до европските сопственици во мај оваа година.
Mercedes-AMG S63 E Performance моделна 2023 година е најмоќната фабричка S-класа досега благодарение на plug-in хибридниот V8 погон кој развива речиси три пати поголема моќност од основниот S350d кој се продава во Европа. Но, исто така чини речиси двојно повеќе.
Mercedes-AMG објави дека првите испораки на водечкиот S63 модел ќе стигнат до европските сопственици во мај оваа година. Оние среќни купувачи на седанот или негови возачи, ќе добијат луксузна лимузина опремена со 4.0-литарски твин-турбо V8 чиј пакет PHEV пакет му помага да произведе 802 КС и 1.430 Nm вртежен момент. Тоа ќе ги чини новите сопственици 208.393 евра.
Споредете го тоа со почетната S-класа во Германија, дизелот S350d, кој има само 286 КС, но исто така чини „само“ 107.814 евра. Иако секоја S-класа ја гледаме како луксузен автомобил со висока цена, некои се значително поскапи и луксузни, плус, се разбира, многу побрзи.
Моделот S63 може да достигне 100 km/h за речиси 3,3 секунди, бројки карактеристични за некој суперавтомобил, а нуди и електричен опсег од 53 километри. Таа цена од 208.393 евра е за автомобилот без опции, а цената можете да ја „надувате“ и на 230.000 евра со додавање на тркала од 21 инчи, сопирачки од јаглеродни влакна и AMG Driver’s Package што ја зголемува максималната брзина од 250 km/h на 290 km/h.
Го добивате и AMG Exterior Night Package, кој додава црна завршница на носот, странични прагови, капачиња на ретровизорите и рамките на прозорите, црни хромирани AMG издувни цевки, темно стакло за изолација од топлина, црвени клешти на сопирачките и AMG капак на каросеријата со „Edition 1″ значка.