Новиот Huawei P20 ќе има сооднос од 18,7:9 на екранот
Ако може да се верува на информациите кои се појавија на еден од безброј репер сервисите, претстојниот Huawei P20 ќе има 18,7: 9 сооднос екран и резолуцијата до 1080 x 2244 точки. Ова исто така важи и за неговиот голем брат Huawei P20 Plus
Ова донекаде се вклопува во приказната на „заб“ кој треба да биде содржан на врвот од екранот, во согласност со најновите трендови започнати од страна на Енди Рубин со својот Essential Phone и iPhone X.
Ова сега дава дополнителна тежина на приказната дека и други производители полека може да се фокусираат на овој вид на дизајн, и соодветно на тоа, одредени прилагодувања ќе мора да одат со апликации.
Меѓу другите детали за Huawei P20 да потсетиме на шпекулациите во врска со лансирањето на три модели, од кои два ќе имаат тројна хибридна 5x зум камера. Погонската машина ќе биде новата генерација на Кирин процесори од Huawei, a можно е да се појави и новиот читач на отисок од Synaptics. Официјалното соопштение се очекува промоцијата на MWC во Барселона на крајот од февруари.