Четвртата генерација на Focus на европските пазари ќе стане достапна ова лето, а она што е особено интересно за нашиот регион е тоа дека новиот модел опционално може да биде опремен со технологија за препознавање на дупки на патот, што досега го имаа моделите Mondeo, Galaxy и S-MAX

Користејќи ја новата технологија, возењето на Ford Focus 4 по лошите патишта (а ги има подоста) ќе стане помеко и побезбедно. Опционалниот систем вклучува адаптибилни амортизери и 12 сензори преку се идентификуваат дупките на патот и пред ударот во нив автоматски ја подесува суспензијата.

Кога ќе се открие дупка, системот реагира и амортизерите на тркалата кои би биле на удар ги прави што е можно потврди, така што тркалата не пропаѓаат длабоко во дупката и се поминува со помали удари, а со тоа се минимизира и можноста од оштетување.

„Нашите инженери го тестираа овој систем на најлошите патишта што можевме да ги најдеме, но сфативме дека такви патишта сè повеќе не наоѓаат нас“, вели Гај Метот, супервизор кој работел на проектот за дизајн на новиот Focus. „Дупките на патот се проблем кој нема да исчезне во блиска иднина, но нашата нова адаптивна технологија за суспензијата ќе може да го минимизира нивното влијание“, додава тој.

Системот за откривање на дупки на патот кај новиот Focus е дел од системот кој ја прилагодува суспензијата во реални услови, но и сопирањето, управувањето и цврстината на шасијата.

Првиот пазар за новата опција ќе биде Велика Британија, каде што ќе биде понуден за 740 евра.

Четвртата генерација на Ford Focus дебитираше во април. Автомобилот е изграден на новата модуларна платформа C2, развиена од американските специјалисти на американскиот бренд.

Палетата бензински мотори се состои од 3-цилиндерски 1-литарски EcoBoost агрегат со моќност од 85, 100 и 125 КС, како и од 1,5-литарски 4-цилиндерски агрегат со моќност од 150 и 185 КС. Во понудата има и дизел мотори EcoBlue 1.5 со моќност од 95 и 120 КС како и EcoBlue 2.0 кој развива 150 КС. Сите мотори работат заедно со 6-степен рачен и 8-степен автоматски менувач.