Светска премиера: Ford Focus за 2019 година / ФОТО+ВИДЕО

0

Поголеми димензии, помала тежина. Ford објави фотографии и технички детали за новата генерација на Focus

Новиот Focus е современ и опремен како никогаш до сега, а сето тоа се гледа уште на прв поглед преку новиот дизајн како на надворешноста, така и во салонот.

На промоцијата на европската варијанта на моделот во Германија, производителот го претстави новиот Focus во луксузна верзија Vignale, со спортски пакет ST-line, a за прв пат овој автомобил ќе има и крос варијанта под името Active. Покрај изгледот на стандардниот хеџбек со 5 врати, Ford го откри изгледот и на новиот Focus Caravan.

Четвртата генерација на автомобилот е поставена на новата, C2 механичка платформа, благодарение на која е зголемен употребливиот простор во салонот, но, исто така, и подобрена безбедноста на патниците. Севкупно се подобрени и аеродинамичките карактеристики, што допринесува за намалена потрошувачка на гориво.

Во однос на сегашната трета генерација, меѓуоскиното растојание е зголемено за 53 mm. Торзионата крутост е подобрена за 20 проценти во споредба со сегашниот модел, а она што е интересно е дека новиот Focus добива некои атрибути од RS верзијата, така што подната празнина е исполнета со пена.

Поатрактивниот анфас и поелегантната силуета се темелно оптимизирани, со цел подобра аеродинамика, а Ford успеал да го намали коефициентот на отпор до 0,25 за седан и 0.273 за хеџбек верзијата. Ова се најдобри вредност во класата, кои во комбинација со намалената вкупна тежина од 88 килограми донесува заштеда во потрошувачката на гориво и CO2 емисиите од 10 проценти.

Ford Focus за 2019 година е опремен со голем број на најсовремени технологии и системи за помош кои ја подобруваат безбедноста во возењето.

Меѓу нив се адаптибилен темпомат со stop&go функција, систем за препознавање на знаци за ограничување на брзина и систем за одржување на автомобилот во рамките на сообраќајната лента.

Новиот Focus е опремен и со унапреден систем за адаптибилни фарови. Системот е во состојба да го подеси и прилагоди светлосниот сноп пред автомобилот да наиде на кривина, раскрсница или кружен тек. На системот му помага предна камера која покрива простор од 65 метри пред возилото.

Треба да се споменат и head-up дисплејот, подобрениот систем за помош при паркирање, предупредување за пешаци и велосипедисти на патот …

Листа на технологии и системи кои се достапни во новиот Focus вклучува и детекција на автомобил во мртвиот агол, предупредување за доаѓање на возило од страна на расксница, задна камера, систем за автоматско сопирање при судир со цел да се спречат секундарни судири, предупредување за возење во еднонасочна улица во обратна насока….

FordPas Connect на сопствениците им овозможува да извршат голем број на функции директно од својот паметен мобилен телефон, како што се локација на возилото, проверка на статусот на маслото, горивото и друго, како и заклучување, отклучување и стартување на возилото од далечина.

Што се однесува до салонот, тука се функцијата на безжично полнење на мобилни уреди, 8-инчниот екран на допир со Ford Sync 3 технологија, компатибилна со Android Auto и Apple CarPlay функциите. Гласовни команди се достапни за цел спектар на операции, вклучувајќи контрола на аудио уредот, климатизацијата и навигацијата. Опционално е достапен Bang & Olufsen премиум аудио систем со 675 W, десет звучници и сабвуфер.

Во Европа, Focus ќе биде достапен со два бензински мотори со различна излезна моќност. Тука се 1.0 EcoBoost со 85 КС, 100 КС и 125 КС, како и новиот 1.5-литарски EcoBoost со 150 и 183 КС. Што се однесува до преносот, тој доаѓа во форма на 6-степена мануелна и 8-степена автоматска трансмисија. Поголемиот мотор доаѓа со функција за деактивирање на цилиндрите, така што може да исклучи еден или два цилиндри во 14 милисекунди, што е 20 пати побрзо од трепкањето на окото.

Што се однесува до дизел понудата, тука се новите EcoBlue единици од 1.5 и 2.0-литри. Првиот доаѓа во верзии со 95 и 120 КС (максимален вртежен момент од 300 Nm), а вториот со 150 КС и 370 Nm. За прв пат, кога станува збор за еден Ford дизел, се користат челични клипови (кај 2.0-литарскиот мотор).

Почетокот на продажбата на европскиот пазар е закажан за оваа есен, а според прелиминарните податоци, почетната цена во Велика Британија ќе изнесува 17.930 фунти (околу 20.500 евра), што е 2.000 фунти споредбено со сегашниот Focus.

Во Европа Focus ќе биде достапен во седан, караван, хеџбек и крос варијата, како и во луксузната Vignale верзија. ST и RS верзиите ќе пристигнат подоцна.

ФОТО ГАЛЕРИЈА



Loading...
Споделете.

Оставете одговор

Translate »