Новиот Dacia Sandero достапен и во Македонија
По неодамнешното претставување на новата генерација на Sandero и Sandero Stepway, македонскиот импортер за романскиот бренд под капата на Renault и официјално ја стартуваше продажбата на кросовер верзијата во Македонија
Кога станува збор за промовирање на „паметно инвестирање“ и разумна форма на потрошувачка, брендот Dacia e предводник и усогласен со реалните очекувања на своите клиенти, нудејќи едноставни, пространи, безбедни и робусни возила по привлечна и ниска цена.
Подигнато растојание од земјата, Sandero Stepway е разноврсен авантурист во семејството на Dacia. Уникатниот ентериер и моќниот надворешен дизајн се смела изјава за бегство и авантура. Зголемената диференцијација го издвојува од потполно новиот Sandero и ја зајакнува репутацијата на кросовер во ДНК-та на новиот Sandero Stepway. Авантуристичката верзија на Sandero претставува 65% од целата продажба на моделот со продадени повеќе од 1,3 милиони автомобили во Европа.
Имплементираната технологија во новите модели на Dacia е огромен чекор напред. Како прво, тука е транзицијата кон далеку помодерна платформа CMF, која ја користи и Renault Clio. Новиот Sandero Stepway е меѓу првите модели на Dacia кој ја користи оваа модуларна платформа, нудејќи супериорна цврстинa и зголемена заштита во случај на судaр.
Sandero Stepway ги вклучува следниве стандардни карактеристики: шест воздушни перничиња, ограничувачи на оптоварување на безбедносните ремени, предни и задни безбедносни ремени и систем за итни повици (SOS копче кoe се наоѓа веднаш до светлото на куполата).
Тука се и бројните системи за кои се веруваше дека се недостижни за Dacia – AEB, автоматски LED предни светла и во зависност од нивото на опремата автоматски бришачи, Асистенција за помош на возачот (ADAS), помош за сопирање во итни случаеви, предупредување за „мртов агол”, асистенција при паркирање, асистенција при стартување на нагорнина…
Кога станува збор за моторната гама, интересно, популарниот 1.5 dCi не е веќе во понуда! Ова е само последица на сè построгите правила во врска со емисијата на штетни гасови на ниво на флота, па за да се избегнат потенцијалните драконски казни, Dacia е принудена да се откаже од дизел погонската единица.
Во понудата има само бензински мотори што се во согласност со стандардот Еuro 6d-full: TCe 90: турбополнет 1-литарски трицилиндричен апарат во комбинација со шестстепен мануелен менувач или CVT автоматски менувач и ECO-G 100: нов LPG двогоривно турбо полнење – цилиндар со 1 литар, во комбинација со шестстепен мануелен менувач.
Dacia е единствениот производител на автомобили што предлага LPG и два типа на мотор бензин низ целиот спектар на патнички автомобили преку ECO-G етикетa.
За сите единици е достапен и системот Start & Stop.
Доследно со нискобуџетната филозофија, раководните лица во Dacia одлучиле да понудат едноставен инфо-забавен систем за основните модели, кој може да се контролира со поврзување на паметен телефон.
Подобро опремените верзии можат да се пофалат со стандарден инфо-забавен систем кој се контролира преку екран на допир (дијагонала од 8 инчи). Како стандард доаѓа Bluetooth врската, како и USB-приклучоци. Врв во понудата е Media Nav, мултимедијалниот систем кој располага со навигација и безжична конекција за Apple CarPlay и Android Auto. Звучниот систем не е без помалку од шест звучници.
Новиот Dacia Sandero Stepway веќе го краси салонот на Dacia во Македонија чиј импортер е Аутомотив Груп. Во однос на претходникот, цените се нешто повисоки, но зголемената понуда на опрема и пред се квалитет дефинитвно ја оправдуваат цената. Цените почнуваат од 11.950 евра, па се до 15.200 евра. Повеќе инфо за моделот и цените на следниот линк.