По повеќемесечни шпекулации, сагата околу новиот договор на Британецот конечно е завршена

Хамилтон за Mercedes вози уште од 2013 година и со германскиот тим постигна големи успеси и собори бројни рекорди. Сега кога ја продолжи соработката со Mercedes, Британецот цели кон нови рекорди и се чини дека е прашање на време кога тој повторно ќе влезе во аналите. 

„Возбуден сум што ќе ја започнам мојата деветта сезона со Mercedes. Заедно постигнавме неверојатни работи и верувам дека ќе продолжиме да постигнуваме успеси и во иднина. Исто така, јас сум целосно посветен на продолжување на подигање на свеста за важноста на различностите и благодарен сум на тимот што ме поддржа во напорите да го свртам вниманието на ова прашање. Горд сум на сè што заедно создадовме и едвај чекам да се вратам на патеката во март“, вели Хамилтон.