Volkswagen ги суспендираше понатамошните испораки на новиот Golf

Со децении, најзначајниот, воедно и најпродаваниот модел на Volkswagen во Европа, со новото издание влегува од проблем во проблем. По неколку неофицијални одложувања, новиот Golf конечно пристигна на автомобилскиот пазар, за сега повторно да се јави проблем.

Како што пишува германскиот Spiegel, Volkswagen е принуден да ги прекине испораките на Golf поради технички проблеми. Некако очекувано, тие се повторно поврзани со софтверот односно „несигурен пренос на информации преку софтверот“ за мрежното поврзување eCall.

Неправилното работење на системот се однесува на функцијата која му овозможува на возачот да ги повика надлежните служби во случај на сообраќајна незгода, а која е задолжително од 31 март 2018 година.

Проблемот го идентификувал одделот за контрола на квалитет во рамките на самиот Volkswagen. Известена е KBA, Сојузната управа за сообраќај, а сега ќе следи идентификација на моделите со софтверска грешка, во согласност со одлуката на надлежната институција.

Затоа, реално е да се очекува отповик, веројатно од 15 јуни годинава. Се очекува дека најмалку 30.000 Golf единици ќе треба да бидат сервисирани. Интересно е што производството на новиот Golf во Волфсбург ќе продолжи, а произведените единици ќе се чуваат во кругот на фабриката. Дури откако ќе биде отстранета грешката, тие ќе можат да бидат продадени.

Volkswagen претрпува удар токму во областа со која се пофали најмногу, а тоа е областа на дигитализација и мрежно поврзување. Од друга страна, работничкиот совет предупредуваше на проблеми во проект нов Golf, нарекувајќи го „деликвентно дете наместо дете на пример“. Шефот на работничкиот совет Берндт Остерлох предупредуваше дека Golf има големи проблеми со електроника.

Сè на сè, изминатата година изработени се значително помалку копии, односно 8.400 наместо планираните 100.000, што укажува на маките со кои се соочува новиот модел, пишуваат некои медиуми. Volkswagen во развојот Golf има инвестирано околу две милијарди евра.