Мирисот на нов автомобил е голем фактор кој влијае на атрактивноста на едно возило, а во автомобилската индустрија тоа добро го знаат

Секој што управувал нов автомобил барем еднаш знае дека мирисот е моќно чувство. Мирисот на новиот автомобил е незаменлив и привлечен за скоро сите, па затоа не изненадува што сите производители внимаваат на мирисите на нивните производи. И додека Ford размислува како да го потисне мирисот на новиот автомобил, Audi има посебен тим кој се занимава со сè што мириса во автомобилот.

Специјалниот Nose Team е активен од 1985 година, а неговите членови имаат високо развиено чувство за мирис. Шала настрана, ова се научници кои ќе обезбедат дека секој дел од автомобилот мириса на начинот на кој треба, без оглед на надворешните влијанија.

Токму поради овој тиме, ниту еден нов Audi не смрди, без разлика дали го оставате на сонце или само го вклучувате греењето во зима. Во исто време, експертите на Audi се свесни дека е невозможно да се произведе автомобил без мирис. Затоа, тие се стремат да користат материјали и хемикалии во производството кои ќе бидат што е можно по неутрални при создавање мириси.

https://youtu.be/wRPU3n7UEkw

Ако мислите дека сето ова е бесмислено, запомнете го различниот мирис на кожнниот тапацир во автомобил или гумените подлоги. Ако тимот на Audi намириса рибино масло или кромид, тие делови од автомобилот се враќаат на почетокот на проектот.

Хајко Лубман-Гигер е на чело на хемичарите на Audi последните дваесет години. Тој вели дека искуството и удобноста на автомобилот е како пирамида, а основата е мирисот. Мирисот е еден од клучните фактори што го тераат купувачот на крајот да се одлучи некој нов автомобил, но за жал и да го одалечи од него.

Експертите за оценување мирис на Audi користат скала од шест степени, од 1 за без мирис до 6 за неподнослива смрдеа. На пример, металот, стаклото и керамиката најчесто имаат оценка 1. Како минимум за поминување на тестот потребна е оцена 4.