Нови проблеми за Tesla: Поради проблеми со серверот, некои возачи не можат да ги стартуваат автомобилите?!
Луѓето кои се обидуваат да го стартуваат своето возило или да го поврзат со телефонот добиваат необјаснива порака 500 Internal Server Error
Се чини дека некои сопственици на Tesla имаат сериозен проблем. Возачите на Twitter известуваат дека не можат да го поврзат својот мобилен телефон со возилото и дека не можат да ги стартуваат своите автомобили. Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, бил информиран за овој проблем од еден од овие несреќници преку Twitter. Луѓето кои се обидуваат да го стартуваат возилото или да го поврзат со телефонот добиваат необјаснива порака 500 Internal Server Error.
Ова е од мала помош бидејќи наведената порака е генеричка и не укажува на специфичен дефект кој може да се поправи. Се чини дека проблемот е глобален, што ја влошува ситуацијата уште повеќе.