На проблемите со недостигот на чипови крајот не е на повидок, а европската автомобилска индустрија е пред нов логистички предизвик

Недостигот од возачи за транспорт на контејнери и автомобили, во комбинација со големиот обем на трговија, доведе до застој во еден од најголемите автомобилски центри во светот, германското пристаниште Бремерхавен. Застојот е причина возилата кои се подготвени да влезат или да ја напуштат Европа сега да чекаат на пристаништето, а на листата на погодени производители (и купувачи) се автомобили како BMW, Stellantis, Renault, Tesla и Volvo

Во просек, пристаништето Бремерхафен преместува 1,7 милиони возила годишно, но недостатокот на возачи за тежок терет, како и возачи за истовар и утовар на возилата што влегуваат и излегуваат, е причина за сериозни доцнења. Покрај тоа, во моментов едноставно нема доволно бродови за транспорт на возила. Глобалната флота е намалена за околу 13 бродови во споредба со 2019 година, што е резултат на прекумерното трошење во првата година од пандемијата. За жал, за производителите на автомобили и клиентите кои чекаат нови возила, оваа ситуација не се очекува да се реши пред 2024 година, кога ќе почнат да се испорачуваат новоизградените бродови.

За жал за потрошувачите, недостигот може да влијае и на цената на возилата. Со зголемената побарувачка за електрични возила од Кина во Европа, притисокот врз пристаништата може само да се зголеми.