Ford за 17 ноември ја најави премиерата на електричниот кросовер базиран на Mustang, кој наназад со месеци е вистинска инспирација за многу дизајнери

На неколку недели пред промоцијата се појавија нови рендери во режија на специјализираниот форум Mach Е.

Овие рендери најавуваат стрмна кровна линија, слична на обликот на Mustang, но без жртвување на просторот за главите во салонот и багажниот простор.

Најочигледната разлика се наоѓа на предниот дел, каде се наоѓа огромна затворена предна маска со логото на Mustang во средината.

Сè уште нема информации за спецификациите, освен тоа дека автомобилот ќе има автономија од околу 480 километри помеѓу две полнења на батеријата.