Volkswagen нема намера да застане со претставувања на нови модели и најавува уште еден електричен автомобил

Станува збор за сосема нов концепт во семејството ID, а кој ќе биде претставен под мотото кое исто така е и името на изложбата во автомобилскиот музеј Петерсен каде ќе се одржи премиерата. Изложбата се отвора на 20. ноември, а еден ден порано Volkswagen на јавноста ќе и покаже уште еден електричен концепт.

Иако во најавата е користен рендер од минатогодишен концепт, треба да се очекува во блиска иднина целосно нова интерпретација на електричниот автомобил. Воедно посетителите на изложбата ќе можат да дознаат сè за новата платформа MEB, наменета за електрични возила, за нејзиниот развој, карактеристики и потенцијална примена во иднина.