Нови детали за електричниот Renault Megane
Извршниот директор на францускиот производител Лука де Мео откри нови информации за претстојниот Megane на батерии
Електричниот Megane ќе го предводи новиот бран на електрични модели подготвени од француската марка. Овој автомобил ќе биде и првиот на модуларната платформа CMF-EV веќе преставена преку Nissan Ariya. Megane ќе остане член на C сегментот, кога станува збор за меѓуоскиното растојание, но не и вкупните димензии.
Според информациите откриени од Лука де Мео, електричниот Megane ќе биде пократок од својот конвенционален „роднина“. „Ќе биде долг околу 4,2 метри“, вели шефот на Renault. Како потсетување, конвенционалниот хечбек е долг 4,36 метри, што значи дека новитетот ќе биде значително помал. „Електричниот Megane ќе ги прекрши правилата за дизајн, како надворешно, така и внатрешно“, вели Де Мео.
Не е тајна дека EV моделите можат да понудат многу попространа кабина, сето тоа поради поедноставната конструкција и помалите димензии на главниот погонски систем. Токму од тие причини, идниот електричен Megane, исто така, треба да понуди повеќе простор од класичниот Megane со SUS мотор, но и огромни промени во споредба со конвенционалниот Megane, што го потврдува и самиот Лука де Мео. Renault се очекува дополнително да имплементира низа екрани кои ќе доминираат во предниот дел на возилото. Првиот човек на францускиот производител најави и употреба на мултимедијалниот систем My Link, кој силно ќе се потпре на софтвер обезбеден од Google.
Покрај тоа, електричниот Megane ќе се користи и низа на најнови системи за активна и пасивна безбедност. Де Мео тврди дека новиот круз контрол ќе ги препознава знаците за максимално ограничување на брзината како стандард и веднаш ќе ја прилагодува брзината на возилото.
Веќе е потврдено дека максималната брзина на Megane ќе биде ограничена на 160 km/h.
Електричниот Renault Megane ќе биде претставен до крајот на тековната година, додека првите примероци ќе бидат во салоните веројатно на почетокот од 2022 година. Воедно ова ќе биде и првиот модел на Renault кој ќе го носи новото лого, што е знак дека се влегува во една сосема поинаква ера.