Зголемено портфолиото на N понудата на Hyundai

Во овој случај станува збор за потентно издание на моделот Konа кое Hyundai го најавуваше веќе подолго време. Според претставниците на јужнокорејската марка, зголемената висина на Konа не му пречела на развојот на перформансното издание и дека овој модел во суштина треба да се гледа како таканаречен Hot Hatch.

Под капакот на моторо се наоѓа 2-литарски турбо-бензински мотор со четири цилиндри во линија кој испорачува 280 КС и 392 Nm (истиот мотор се наоѓа во i30 N). Hyundai наведува дека внимателно го проучувале пазарот и дека спортски ориентираните кросовери практично повеќе не бараат рачен менувач, така што Kona N е опремена со 8-степен автоматски менувач со двојна спојка. Сепак, корејците оставиле рачки зад воланот за оние кои сакаат сами да ги менуваат брзини.

Новината од Hyundai доаѓа со три претходно програмирани режими – N Power Shift, N Track Sense Shift и најновиот N Grin Shift. Првиот е наменет за секојдневно возење, вториот за употреба на патека, додека третиот може да се активира само за кратко време кога е потребно да се извлече максимум од автомобилот. Кога се активира последниот режим, максималната моќност на моторот се зголемува на 290 КС, но само на кратко време.

Kona N има и пет режими за контрола на разните електронски системи. Овие се: Normal, Eco, Sport, N и Custom кој може да се персонализира. Системот Launch Control е исто така дел од списокот на стандардна опрема во корејскиот кросовер со високи перформанси.

Инженерите на Hyundai дополнително работеле на суспензијата, заради подобра возна динамика. Интересно, но во согласност со „возачките преференци на ваквите автомобили“, оставена е стандардната рачна сопирачка наместо електронската која се наоѓа во стандардната Kona.

Максималната брзина е дури 240 km/h, додека забрзувањето до „стотка“ се одвива за 5,5 секунди. За споредба, i30 N има поголема максимална брзина од 250 km/h, но е поспор во спринт до „стотка“ (5,9 секунди).

Дизајнерски моделот е малку поинаков од конвенционалната Kona. Поголеми, поагресивни браници, спојлери, заден дифузор, црвени додатоци… Сето ова прави Kona N да изгледа значително попривлечно од оригиналниот модел. 

Кога станува збор за салонскиот дел, пред возачот е нов волан, прилагоден за употреба на Kona N. Двете големи сини копчиња може да се персонализираат, односно со нивно притискање да се избере одреден режим на возење или да се избере саканата функција, додека црвеното копче го активира споменатиот N Grin Shift режим. Тука се и спортските седишта за надополнување на спортскиот амбиент.

Според официјалните лица на Hyundai, тие имаат големи очекувања од Konа N кога станува збор за продажните резултати. Велат дека се среќни и со продажбата на останатите модели од N понудата. Така i30 N достигнал повеќе од 27.000 регистрации откако пристигна на пазарот во 2017 година. Од Kona N се очекува многу повеќе, a целта е 11.000 клиенти само оваа година!

Hyundai Kona N ќе се нуди во Европа, Северна Америка и Јужна Кореја. Продажбата ќе започне во текот на летото оваа година.

Loading...

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

https://twistmoe.net anime websites

The Silver Guardian (https://animedao.nl/m/wlKR) Episode 12

Website https://animetv.cc: Watch Mobile Suit Gundam UC: A Phantom World animetv Episode Full anime tv dragon ball

Folkd: https://www.folkd.com/user/gogoanimebe

Codechef: https://www.codechef.com/users/animefreakws