Во продажните салони на Киа Моторс Македонија пристигна новата VISION генерација на веќе познатите модели Rio и Stonic со збогатено ниво на опрема

Понудата на Киа Моторс Македонија  не престанува да го изненадува македонскиот пазар со новини во нивото на опрема, односно континуирано продолжува да ги поместува стандардите за основно ниво на опременост на автомобилите.

Моделите кои пристигнаа се генерациски 2020 година и во својата класа се надградени и во внатрешноста и на надворешноста. Градскиот кросовер во В- сегментот, Kia Stonic во EX Vision нивото на опрема доаѓа со вклучени LED дневни и задни светла, ретровизори со LED трепкачи и електрично склопување, како и 15” тркала од лесна легура. Кај моделот Kia Rio во нивото на опрема Ex Vision надополнувањето во внатрешноста е потпирачот за рака на централната конзола со кутија, а надворешно гледано доаѓа со LED дневни светла, ретровизори со LED трепкачи и електронско склопување.

[useyourdrive dir=”1nb04bOwRiRwIMcKKAqlaNscWeC2tOtX_” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Киа Моторс Македонија продолжува да биде навистина интересен и привлечен автомобилски бренд кој одговара на барањата македонскиот купувач. Со освежувањето на моделите Rio и Stonic, имаат нов надворешен лик, побогата внатрешност, а со тоа се уште попривлечни и поконкурентни на македонскиот пазар.

За повеќе информации повелете во салоните на Киа Моторс Македонија.