Новата технологија помага: Без системите за автоматско сопирање во возилата, би имало речиси 50 отсто повеќе несреќи!
Системите помогнале и за намалување на повредите при несреќа за 53%
Новата американска студија на Партнерството за аналитички истражувања во безбедноста на сообраќајот (PARTS) покажало дека активните безбедносни системи во автомобилите значително го намалуваат бројот на сообраќајни несреќи. Поточно, судирите одзади со други возила се намалени за 49% кога возилото било опремено со предупредување за преден судир и автоматско итно сопирање, во споредба со автомобилите кои се судриле со други возила и не биле опремени со ниту еден систем. Системите, исто така, помогнале за намалување на повредите при несреќа за 53%.
Системите за автоматско сопирање во итни случаи се клучот за безбедноста бидејќи ако автомобилот е опремен само со систем за предупредување на возилото напред, судирите се намалуваат за само 16%, а стапката на повреди се намалува за 19%.
Студијата, исто така, ја разгледувала ефективноста на системите за предупредување за напуштање лента и системите за одржување во лента. Комбинацијата на предупредувања за напуштање лента и помош за задржување во лента помогнле да се намалат судирите за 8%, а во исто време да се намалат и повредите за 7%.