Новата Škoda Octavia започнува од 17.885 €
Tоп изведбата во караван верзија ќе чини околу 43.540 евра
Новата Škoda Octavia на автомобилскиот пазар доаѓа со остар дизајн и напредна технологија, а се знае и колку ќе чини. На „домашниот“ пазар, значи Чешка, основната цена на моделот ќе биде 456.900 круни, или околу 17.885 евра. Во Škoda сакале основната цена да ја задржат на ниво од претходната генерација. Со оглед на тоа дека во Чешка тоа беше 450.900 круни (17.650 евра), може да се каже дека оваа цел е целосно исполнета.
Иако чешкиот производител ја објави цената за Škoda Octavia Active, списокот на опрема сè уште не е познат. Локалните клиенти веќе знаат колку чини и топ изведбата на моделот – 1.112.300 круни (околу 43.540 евра) во караван верзија.
Во овој случај, опремата е импресивна: три-зонска клима, асистент за паркирање, седишта со функции за масажа, греење и вентилација, безжично полнење за паметен телефон, модерен мултимедијален систем… Покрај тоа, новата Škoda Octavia 2020 може да се набави со прилагодливо подвозје, панорамски покрив, LED матрични светла и автоматска задна врата (барем за Škoda Octavia Combi).
Колкав ќе биде опсегот на цените на македноскиот пазар ќе дознаеме наскоро.