Новата Opel Corsa-e ќе биде првото светско електрично рели возило
Opel ja најави Corsa-e Rally, првото светско електрично рели возило кое својата официјална премиера ќе ја има на претстојниот салон за автомобили во Франкфурт
Opel е првиот производител на автомобили во светот што нуди целосно електрично возило на батерии за рели трки. Електричниот натпреварувачки автомобили е базиран на Opel Corsa-e, кој веќе е достапен за нарачка, a својата светска премиера ќе ја има на меѓународниот автомобилски салон IAA Франкфурт од 12 до 22 септември. Во 2020 година, Opel и ADAC ќе го стартуваат ADAC Opel e-Rally Cup, првиот брендиран рели-куп за електрични автомобили во светот.
Новиот тркачки автомобил кој е замена за истиот таков по карактер, Adam, произведува 100kW (136 КС) и развива 260 Nm вртежен момент. Батерискиот пакет е 50 kW и е истиот како и во стандардната електрична Corsa.
„Corsa-e е електричен автомобил за секого – целосно прилагоден за секојдневна употреба и апсолутно прифатлив, атрибути што подеднакво важат и за моторспортот. Новата Corsa е исто така забавна за возење и особено динамична. Користејќи ги сериските возила како основа, ние сме првиот производител на автомобили во светот што развивме електричен автомобил за рели трки“, вели Михаел Лохшелер, извршниот директор на Opel.
Од друга страна, Херман Томжик, претседател ADAC Sport, додава:
„Со ADAC Opel e-Rally Cup, ние за првпат електричниот погон го вклучуваме во спортот, а особено за поддршка на младите возачи. Иновативниот концепт и соработката со Groupe PSA отвора нови можности за нас, особено во поддршката на младите возачи. Сигурен сум дека ADAC Opel e-Rally Cup ќе го постави патот кон моторспортот далеку надвор од границите на Германија“.
За сезоната 2020/2021 од ADAC Opel e-Rally Cup се планирани 15 автомобилил. Цената за вака подготвен автомобили за користење од Opel Motorsport ќе биде помала од 50.000 €.