
Новата компанија Canoo претстави конкурент на Tesla Cybertruck
Американската стартап компанија Canoo неодамна одржа онлајн настан со цел претставување на својот нов електричен автомобил
Станува збор за камионет кој ќе им конкурира на Tesla Cybertruck и Hummer EV. Автомобилот има футуристички изглед, помалку потсетувајќи на Volkswagen T2 од 1977. Топ верзијата ќе располага со 600 КС, 745 Nm вртежен момент и батерија со автономија од повеќе од 320 km. Возилото е високо 1.920 mm, долго 4.677 mm ( 5.400 mm со заден дел кој може да се вовлече), широко 1.980 mm и има меѓуоскино растојание од 2.850 mm.
Камионетот Canoo може да се пофали со модуларен дизајн и разни додатоци. На пример, автомобилот има склопливи странични елементи со дополнителни карактеристики, странично складирање за работи, држач за трансформатор што може да се инсталира на покривот, конструкција со патнички шатор и многу друго.
Камионетот Canoo ќе може да се нарачува во вториот квартал од оваа година, а испораките започнуваат во 2023 година. Колку ќе чини овој пикап камионет сеуште не е познато.