Ако го оставите вашиот автомобил долго време на паркинг и не го возите со недели, може да се соочите со големи проблеми. Имено, многу делови од возилото не поднесуваат долго стоење.

Акумулаторот се празни кога автомобилот е во мирување. Едноставно! Ако не го возите автомобилот со недели, тој веројатно ќе се потроши или нема да можете да може да го запалите моторот.

Дисковите на сопирачките ќе ‘рѓосаат и првите сопирања ќе бидат далеку од перформансите на сопирачките кога биле во исправна состојба. Силата на сопирање ќе биде многу послаба и ќе потрае некое време пред сопирачките да се вратат во целосна функционалност. Ако го оставите автомобилот паркиран подолго време, не ја подигајте рачната сопирачка, бидејќи плочките и дисковите може да се заглават.

Долгото стоење на едно место веројатно ќе ги деформира гумите. Проверете ги кај сервисер, особено ако чувствувате вибрации кои ги немало кога последен пат сте возеле.

Ако го паркирате вашето возило во зима и е полно со сол, не е потребно да се спомене какво влијание ќе има врз лимените површини на автомобилот. Корозијата нема да биде видлива веднаш, но дефинитивно ќе се развие побрзо.

Ако го оставите автомобилот со многу влага во ентериерот, многу е веројатно дека кога ќе се вратите во него по неколку недели, ќе бидете запрепастени од непријатниот мирис. Ако паркирате во гаража, секогаш оставајте ги прозорците малку потспуштени – колку за циркулација на воздух во салонот.

Во резервоарот поради кондензација може да се формира ‘рѓа. Затоа, треба да го наполните резервоарот со гориво пред да го паркирате подолго време.