Како што и се очекуваше, новата претседателска лимузина на Путин својата јавна премиера ја имаше на денот на иноугурацијата на старо-новиот претседател на Русија

По неколку години најава и неколку фотографии од различни прототипови, финалната верзија на новата претседателска лимузина на Путин, произведена во Русија, го виде светлото на денот.

Автомобилот со кој рускиот претседател се одвозел до местото на положување на заклетва, е создаден по иницијатива на Владимир Путин, кој побара на рускиот пазар да се појави линија составена од домашен луксузен седан, MPV и SUV модел во рамките на истото име – Кортеж. Дел од овие производи треба да се појави и во слободна продажба на домашниот пазар.

Погледнете го видеото! (новата лимузина се појавува по 10 минути и 30 секунди од почетокот на клипот)

Според неофицијални информации, за погон е употребен турбополнет V12 со 850 КС, кој бил развиен со помош на германскиот Porsche, a тука е и 9-брзинскиот автоматски менувач, наводно, од руско производство.

Секој од моделите во линијата Кортеж, ќе биде произведен во серии од 5.000 единици.