На овој патент, веројатно најмногу би му се израдувале камперите

Само тие знаат колку проблеми им предизвикале разни бубачки, инсекти и други. Како да се обезбеди приватност во однос на овие несакани „другари“, одговорот го дава Ford.

Како некогаш дамите во филмови од педесеттите години, Ford се обидел да обезбеди еден вид на параван, завеса, со чие развлекување добивате ваше парче од мирот и интимност, како и заштита од разни инсекти…

Патентираниот гаџет треба да обезбеди и засолниште од сонцето, бидејќи е направен од специјални материјали кои го амортизираат дејството на „животот на Земјата, како и корисен простор за различни цели кои може да ви паднат на ум.

Не е важно колку тривијално се чини, но мора да се признае дека со патентот е промовирана едноставност и елеганција која е погодна за употреба на било кој кросовер, па дури и хеџбек автомобил.

„Генијалната# идеја е заведена во архивите на Канцеларијата за интелектуална сопственост на САД, под број 2018/0147918 А1.