Нова и интересна услуга: Toyota планира да преуредува половни автомобили во својата фабрика!
Преуредувањето може да вклучува инсталирање на нови компоненти, но повторна употреба на делови од возилото кои се уште се во добра состојба, обновување на батериите и многу повеќе
Производителите и увозниците на автомобили секојдневно имаат некои нови идеи, но тие ретко се толку интересни за да станат светски вести. Потегот на Toyota во Велика Британија е дефинитивно тоа и е на пат да ја промовира новата услуга.
Британскиот магазин Autocar пишува за одлуката на филијалата да им понуди на клиентите опција за преуредување за користени возила. Услугата наречена Kinto, ќе биде една од можностите, а идејата е автомобилот да се земе по првиот циклус на користење, како што е лизинг, и да се врати во фабриката. Таму ќе биде темелно реновиран и подготвен за вториот циклус на употреба. Toyota би можела да го направи тоа уште еднаш пред автомобилот да го достигне крајот на својот животен циклус и да заврши на рециклирање. Ова може да вклучува вградување на нови компоненти, но и повторна употреба на делови од возилото кои се уште се во добра состојба, обновување на батериите и многу повеќе.
Програмата моментално се фокусира на фабриката на Toyota во Бурнастон, која локално ги произведува Corolla во хечбек и караван издание.