Нов ценовен шок! Бензините повторно драстично поскапуваат!
Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,80% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 16.05.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 94,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 96,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно останува на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,903 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.05.2022 година и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,339 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,216% или за 49,800 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 0,650% или за 7,150 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 1,312 % или за 13,950 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,708% или за 22,950 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,9599 ден/$ и е за околу 0,619% повисок од курсот на доларот (58,5972 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.