Најмоќната верзија на „тројката“ е M340i со 387 КС и 500 Nm вртежен момент

BMW официјално ја претстави редизајнираната Серија 3, како во седан така и во караван изведба. За разлика од последните неколку новитети, Баварците овој пат не шокираа со радикални дизајнерски решенија.

Решетката на ладилникот е редизајнирана, додека стандардните целосно LED фарови сега се многу потенки. Останатите надворешни промени вклучуваат целосно нов дизајн на бандажите и нова палета на надворешни бои, вклучувајќи „Skyscraper Grey“ металик сива низ целата гама и „Brooklyn Grey“ сива за M340i или во комбинација со M Sport пакетот за изведбите 330i и 330e.

Покрај визуелните иновации, најважниот адут на „тројката“ е оперативниот систем iDrive8 со заоблен екран кој се состои од инструмент табла од 12,3 инчи и централен екран од 14,9 инчи.

Препознавањето на говорот е подобрено со интелигентниот личен асистент на BMW, кој сега може да ги отвора и затвора прозорците, подвижниот покрив и да ја прилагодува климатизацијата.

Новата BMW Серија 3 може да се нарача во две plug-in хибридни варијанти, а тука се и четири бензински и четири дизел агрегати со четири или шест цилиндри. Тоа значи дека моторизацијата го покрива опсегот на моќност од 150 КС до 387 КС. Воведната единица во бензинската Серија 3 ја носи ознаката 318i (2.0 156 КС), додека тој дел кај дизелот му припаѓа на моделот 318d (2.0 150 КС). Тука се и 320i, 330i, M340i, 320d, 330d, M340d. Најмоќната верзија е M340i со 387 КС и 500 Nm вртежен момент.

Сите варијанти сега доаѓаат стандардно со 8-брзински Steptronic менувач. XDrive погонот на сите тркала останува опција.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1yFGtDkq2aqr3YiN5pCY0CI_sR8JYwpMn” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Пристигнувањето во салоните е закажано за јуни, а цената на германскиот пазар е 43.900 евра.