Нов проект во Дубаи: Започнува тестирање на дигитални регистарски таблички
Наместо класични регистарски таблички, автомобилите во Дубаи ќе имаат дигитални таблици со поддршка за GPS
Дубаи има големи планови за иднината на транспорт – од транспортниот систем Hyperloop кој ќе овозможи поминување на далечина од 120 километри за околу 12 минути (Дубаи до Абу Даби), па се до беспилотни летала и самоуправувачки возила кои ќе го заменат класичното такси, до 2030 година треба да станат нешто вообичаено на улиците на овој град.
Поради сите овие планови за иднината, најавата за почетокот на тестирање на паметни регистарски таблички, се чини, и не е нешто премногу револуционерно, но благодарение на нив, би можело да бидат спасени многу животи во сообраќајни несреќи.
Тестирањето на овие таблички започнува следниот месец. Тековните таблички ќе бидат заменети со дигитални ознаки на екран со поддршка за GPS. Благодарение на нив, во случај на сообраќајна несреќа, веднаш ќе се контактира полицијата и итната помош, а табличките ќе можат да комуницираат со други автомобили и да ги известат за сообраќајните услови и можни сообраќајни несреќи.
Тестирањето ќе трае до октомври кога ќе бидат познати и трошоците, бидејќи сеуште не е познато колку ќе чини една од овие таблички. По тестирањето, овој систем ќе треба да се додефинира и унапреди ако се покаже потреба за тоа, по што постепено овие таблички ќе ги заменат класичните регистрации во Дубаи.
Бидејќи овие таблички имаат GPS, јасно е дека на возачите се заканува проблем со приватноста, бидејќи нивната локација и движење ќе може лесно да се следи.