Уште еден автомобил на Tesla настрадан во судир за кој се обвинува автономниот систем на возење

Страшна несреќа се случила деновиве на руските патишта кога најмалиот модел на Tesla се судрил со паркиран камион. Очигледно возилото не го виделе ниту возачот, ниту автономниот систем за управување со возилото (Autopilot).

Истото го потврдил и возачот Алексеј Третјаков, кој изјавил дека неговиот автомобил бил управуван од автопилотот. Тој, наводно, ги држел рацете на воланот како што барал системот и се придржувал до ограничување на брзината од 100 km/h, јавува Ren TV. За да работтите бидат полошик, кратко време по судирот, автомобилот се запалил и се претворил во пламен проследено со неколку експлозии. Добрата вест е дека Третјаков и неговите две деца се спасени од искршениот и изгорен автомобил здобивајќи се само со полесни повреди. Возачот, кој најверојатно ќе биде обвинет за несреќата, ја скршил ногата, а неговите деца минале со неколку модринки и гребнатини.

Од Tesla за сега нема реакција. Како потсетување, Tesla, барем досега, се покажа како кооперативна, но не го напушта тврдењето дека нејзините автомобили се совршено безбедни засновано на тестовите спроведени претходно од NHTSA. Сепак, со порастот на бројот на Tesla возила на патиштата, сè повеќе сме сведоци на вакви случаи што секако предизвикува сомнеж во сигурноста на технологијата на Tesla.