Почнувајќи од први јануари оваа година на територијата на Македонија брендот Hyundai има нов дом и нов официјален претставник

Ми-Да Гранд Моторс и официјално ги информира постоечките како и сите потенцијални сопственици на возила од брендот Hyundai за почетокот на работа на новиот официјален дом на корејскиот бренд. 

Новиот салон на Hyundai за Македонија се наоѓа во склоп на автомобилскиот центар Ми-Да Гранд Моторс на ул. Босна и Херцеговина бр.1 во Скопје, каде се изложени најновите модели на Hyundai, а каде е сместен и официјалниот и професионален сервисен центар.

Како што известуваат од македонскиот претставник, по повод новиот дом на Hyundai во Македонија следат промоции и изненадувања.

Воедно ги повикуваат сите сопственици на Hyundai возила на кои сеуште им важи гаранцискиот рок дека доколку истите се под гаранција мора да се сервисираат во овластен сервис како не би се изгубиле гаранциските привилегии.