Евентуална зделка може да доведе до превирања во сојузот со Renault

Јапонскиот производител Nissan ја истражува можноста за продажба на целиот или барем дел од својот удел, кој е 34%, во Mitsubishi Motors, пишува Bloomberg, повикувајќи се на анонимни извори.

Таквата зделка ќе доведе до сериозни шокови во трипартитниот сојуз, во кој учествува и француската компанија Renault. Nissan ги негираaт обвинувањата за промена на структурата на капиталот, а истото го велат и од Рено, додавајќи дека компанијата ќе продолжи да соработува во рамките на алијансата. Досега Renault не ги коментираше обвинувањата.

Сепак, според информациите, Nissan бара начин да се опорави од падот на продажбата предизвикан од пандемијата на коронавирус. Еден од начините за кои дискутира раководството на компанијата е продажбата на уделот во производителот на автомобили, а истиот ќе им биде понуден на компании од Mitsubishi Corp., кој во моментов поседува околу 20% во Mitsubishi Motors.

Nissan, кој е 43% сопственост на Renault, ја намали прогнозата за загуба во работењето од крајот на март за 28%, што се должи на добрата продажба во Кина. Од друга страна, Mitsubishi Motors очекува фискалната година да ја заврши со оперативна загуба од 1 милијарда долари.