Nissan сака да биде првиот што ќе ја изедначи цената на електричните и бензинските автомобили / ВИДЕО
Од Nissan велат дека веќе во 2026 година ќе ги изедначат цените на своите хибриди и модели со мотори со внатрешно согорување
Тоа е дел од новиот пристап на Nissan за споделување компоненти X-in-1 помеѓу електричните и хибридните верзии e-Power. Тие велат дека овој пристап ќе ги намали трошоците за развој и производство за 30% до 2026 година во однос на 2019 година.
Покрај изедначувањето на цената на хибридите, Nissan со овој пристап очекува да ги намали и цените на електричните модели, доволно за да се изедначат со моделите со мотори со внатрешно согорување. А тоа, според Nissan, ќе се случи веќе во 2030 година.
Новиот пристап има за цел да го намали уделот на ретки суровини на 1% и големината и масата на погонските системи. Исто така, бучавата и вибрациите на погонот ќе бидат минимизирани.
Во Nissan развиваат два посебни погонски системи. За електричните возила се работи на модул 3-in-1, кој ги интегрира моторот, редукторот и инверторот во едно куќиште. За e-power хибридите е предвиден модул 5-in-1, кој вклучува дополнителни компоненти.