Актуелниот Mercedes-Benz GLC, кој беше претставен пред десет месеци, сега е достапен и во помалку практичната, но за многумина поинтересна Coupé форма на каросеријата

Во Штутгарт со сегашната генерација на моделот GLC го искористиле рецептот што се користеше во случајот со претходната генерација, па потенцијалните купувачи на теренецот на Мерцедес од сегментот D и овојпат ќе можат да избираат помеѓу два каросериски стилови, затоа што на класичната двоволуменска каросерија која беше претставена пред десет месеци додаде и опција за каросерија со линија на покривот која обично оди со додатокот Coupé.

Заедно со неколку детали за каросеријата кои потсетуваат на поголемиот модел GLE Coupé, новото GLC Coupé доаѓа и со голем панорамски покрив како дел од неговата богата стандардна опрема, а меѓу попривлечните опционални пакети секако е пакетот AMG Line, кој исто така може да може да се нарача со алуминиумски тркала од 20 инчи.

Во пространата кабина, која е моделирана по кабината на актуелната C-класа и обложена со најквалитетни материјали, на широката централна конзола доминира 11,9-инчниот дисплеј на мултимедијалниот систем MBUX од најнова генерација, а тука е и прегледната 12,3-инчна дигитална инструмент табла со една од најдобрите моментални резолуции.

Со зголемени димензии во однос на претходната генерација, новото GLC Coupé со себе носи повеќе простор за патниците и малку поголем волумен на багажникот, кој се крие зад вратите со електричен погон. За атмосферата во кабината ќе помогне и премиум аудио системот од германската компанија Burmester.

Новиот Mercedes-Benz GLC Coupé ќе ги дели познатите турбо-бензинки и турбо-дизел погонски опции со претходно претставениот GLC, а покрај делумно електрифицираните MHEV и PHEV верзии, наскоро во понудата би требало да се најдат и најмоќните модели AMG модели кои во ознаката ќе ги носат броевите 43 и 63.