Nissan Leaf симнат од EV престолот
Nissan Leaf повеќе не е најдобро продаван електричен автомобил во светот, а новиот владетел на сегментот е кинескиот BAIC EC
ЕС е продаден во дури 15.132 примероци во првите два месеци од оваа година, што претставува зголемување од 329% во однос на истиот период минатата година.
BAIC го надмина досегашниот рекордер Leaf за една третина од кој пак се испорачани 10.881 примероци во истиот период од 2018 година.
На трето место е уште еден кинески автомобил – JAC IEV 5, пред францускиот Renault Zoe.
Интересно е тоа што малиот Renault и Tesla моделите S и X сe единствените кои бележат пад на продажбата во споредба со истиот период од 2017 година.
Што се однесува до порастот на продажба, со него може да се пофалат и Volkswagen со e-Golf и Hyundai со Ioniq, чија продажба пораснала за по 200%.