Nissan Leaf од 2019-та со поголема моќност и автономија
Јапонскиот Nissan потврди дека подобрената верзија на електричниот модел Leaf со ознака E-Plus на пазарот ќе пристигне во 2019 година
Leaf E-Plus ќе има 203 КС (стандардниот 149 КС) благодарение на што ќе се растерети тешкото батериско пакување, а ќе има и поголем опсег – околу 321 километри (стандардно 243 километри).
За разлика од актуелната верзија со 40 kWh батерија, подобрениот Leaf E-Plus ќе има 60 kWh батерија.
Нема потврда, но се претпоставува дека Nissan својот Leaf E-Plus за 2019 година ќе го престави на најголемиот пазар на електрични автомобили во Лос Анџелес во ноември.
Nissan Leaf е еден од најпродаваните електрични автомобили во светот.