Ништо од санкции: Hyundai и Kia нема да го запрат извозот или производството во Русија?!
На прашањето дали Kia планира да го прекине производството или испораките на рускиот пазар, портпаролот на компанијата одбива да одговори.
Најголемиот корејски производител на автомобили, Hyundai Motor Group, која ги вклучува Hyundai, Kia и Genesis, нема да им се придружи на европските, северноамериканските и некои јапонски производители на автомобили во запирање на производството, а Kiа продолжи да извезува во Русија бидејќи пазарот станува се поважен за нивниот профит.
„Kia е длабоко загрижена за ситуацијата во Украина. Нашата компанија е фокусирана на обезбедување на безбедноста на нашите вработени кои моментално се наоѓаат во погодените области. Иако наш главен приоритет е благосостојбата на нашите луѓе, ние ќе продолжиме да ги следиме потенцијалните нарушувања во нашиот бизнис и соодветно да управуваме со плановите за вонредни ситуации“, вели портпаролот на Kia.
Запрашан дали тоа значи дека Kia не планира да го прекине производството или испораките на рускиот пазар, портпаролот одбиива да одговори. Корејското седиште на Hyundai, исто така, не го коментира ова прашање, сепак, имајќи предвид дека и Kia и Hyundai управуваат со фабриката во Санкт Петербург (Сестрорек) и Калининград во Русија, логично е одлуката да се однесува и на двата производители.
Во вторникот, Wall Street Journal објави дека Hyundai го запрел производството во фабрика во Санкт Петербург, но истакна дека Корејците тоа го направиле „поради глобалниот недостиг на компоненти и нема никаква врска со руската инвазија на Украина или западните економски санкции. Hyundai додаде дека фабриката ќе продолжи со производство до следната недела.
Бројни големи производители на автомобили ја прекинаа испораката на автомобили во Русија по инвазијата на Украина. Европските и северноамериканските влади одговорија на агресијата со воведување серија економски санкции кои спречија голема трговија со Русија. Министерството за правда на Русија дури и формираше нова единица наречена Task Force KleptoCapture за да ги истражи и процесуира идните санкции кои произлегуваат од инвазијата.