Компанијата Netflix која се занимава со производство и емитување на телевизиски програми преку глобалната мрежа, објави дека ќе започне со снимање на мини серија од осум епизоди за животот на една од најголемите легенди на Formula 1, Аиртон Сена

Продуцент е бразилската куќа Gullane, чиј партнер во таа функција ќе биде семејството на покојниот Сена.

Серијата започнува со следење на животот на Сена, почнувајќи од неговото деби на патеките во 1981 година, кога се сели во Англија со цел да стартува во тркачката серија Formula Ford 1600.

Продуцентската куќа ветува дека не само што ќе се занимава со контроверзитe во авто-мото спортот, туку најавува и дека ќе стори се за да и овозможи на публиката увид зад сцената во Formula 1, фокусирајќи се на младинската фаза во животот на Сена, неговата личност и односите внатре во семејството.

Со цел да и дадат што поголема живост на серијата, роднините на настраданиот возач на филмската екипа и дале пристап до автентични места што го одбележале животот на Сена, како што е на пример домот во кој пораснал, а кој се наоѓа во бразилската престолнина Сао Паоло

„Се чувствувам многу посебно затоа што имам можност да објавам дека ќе ја раскажеме приказната за Сена, што им е позната само на мал број луѓе. Семејството Сена е многу посветено на овој потполно уникатен проект без преседан. Нема подобар партнер за нас од Netflix кој е глобално признат и следен“, пишува близначката на Аиртон Сена, Вивијан Сена, на официјалната веб-страница на иконата во Formula 1.

Снимањето е веќе започнато, а првата епизода се очекува во текот на 2022 година.